Скопје ЈП Водовод и канализација – Скопје

Поради дефект неколку улици во Скопје без вода

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.

Поради дефект неколку улици во Скопје без вода

Корисниците на неколку улици во Скопје денеска ќе бидат без вода поради дефект на затварач (шибер) Ф150мм на улица Индира Ганди 101Б.

Како што информира ЈП Водовод и канализација – Скопје со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Индира Ганди“, „Гвадалахара“, „Јури Розентал“, „Метохиска“ и „Нов Живот“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.

Најнови вести од Скопје

To top