Поради уличен дефект од ф 5/4 на ул. „Божин Николов – Силни“ бр.72 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на оваа улица и дел од улицата „Ѓорѓи Капчев“.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.