Поради уличен дефект од ф – 400 мм на ул. „1670“ во Ново Село, без вода ќе останат корисниците од ул. „Лука Геров“, како и корисниците од населбите Ново Село, Стопански Двор, Кисела Јабука, Волково, Орман и Никиштани, во општина Ѓорче Петров.
Како што информираат од РЦУК, прекинот во снабдувањето со вода ќе биде во периодот од 09:00 часот па се до отстранување на дефектот.