Поради уличен дефект предизвикан при реконструкција од приватна фирма на ул. „1644“ во населбата Хиподром 2, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа населба.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде во прекин од 15 часот до завршување со санација на дефектот.