Скопје констатирани неправилности

По урнатиот ѕид на зградата во Ѓорче: Инвеститорот доби решение веднаш да прекине со градба на објектот, извршена инспекција

-Констатирани се неправилности, изготвен е Записник од извршен инспекциски надзор и донесено е Решение со кое на инвеститорите им се наредува веднаш да ја прекинат натамошната изградба на објектот од втора категорија со намена А2 – колективна станбена зграда на улица „Партизански Одреди“ бр.бб, во рок од 5 дена да го вратат во првобидна состојба фасадниот ѕид на соседниот објект и веднаш да ја обезбедат сигурноста на околната градба, информираат од Општина Ѓорче Петров.

Вонредна инспекција е извршена на објектот во градба од каде вчера при бетонирање беше пробиен ѕид од соседната зграда во Општина Ѓорче Петров.

Од Општината соопштуваат дека овластен инспектор излегол на лице место каде при бетонирање на платно кое е дел од вертикална комуникација на источна страна од градилиште (на самата меѓа со сосед станбена зграда на ул.„Партизански одреди“ бр.165) пробиен е дел од фасаден ѕид на соседна зграда.

To top