И покрај лошите временски услови, синоќа започна Културно лето 2024 на Општина Кисела Вода. На отворањето на настанот покрај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше и министерот за култура и туризам Зоран Љутков кои заедно со бројната публика ја следеа програмата на првата од четирите вечери на оваа традиционална манифестација.
Вечерта ја отвори најнаградуваниот хор од ООУ „Кузман Јосифовски Питу”, неодамна се врати од натпреварот во Италија со 6 награди. Вечерта продолжи со концерт на КУД Китка од Драчево, а потоа и со ѕвездите од проектот „Македонијо во срце те носиме”. Културното лето продолжува вечерва, во паркот пред салата Расадник со “2 Бона” и Пајак од 20:30, а два часа порано, во паркот Шопен ќе се одржи хуманитарна „Kоријада” организирана од Здружението на пензионери на Кисела Вода. Изразуваме надеж дека временските прилики ќе дозволат забавата непречено да се одвива.
-И покрај лошите временски услови – Културно лето 2024 Кисела Вода започна! Заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков го отворивме културното лето. Забавата ја отвори нашата гордост од Кисела Вода, учениците од ООУ ,,К.Ј. Питу” кои освоија дури 6 награди на натпреварот во Италија. Потоа, со традиционално македонско оро настапија КУД ,,Китка” од Драчево, за на крај да настапат ѕвездите од проектот ,,Македонијо во срце те носиме”, од продукцијата Скендеровски. Продолжуваме денес, со хуманитарна коријада во 18:30 часот, а потоа ќе ве забавуваат 2 Бона и Пајак. Се гледаме и се надевам дека временските услови ќе бидат на наша страна, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.