Градежните активности за унапредување на локалната патна инфраструктура во Општина Илинден продолжуваат со засилено темпо, при што во населеното место Кадино се започна со поставување на прв асфалтен слој на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино.
Станува збор за делница во должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри, каде покрај целосната реконструкција на коловозот, се предвидува и изградба на нов тротоар со широчина од 1,5 метри, со чија изведба значително ќе се подобрат условите за сите учесници во сообраќајот.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на градежните активности и истакна дека реконструкцијата на главната улица „11“ во Кадино се одвива со засилено темпо, при што заедно со претходно санираниот дел, обновената делница достигнува околу 720 метри, нагласувајќи дека целиот проект се реализира со средства од буџетот на Општина Илинден, како јасен показател за силната и континуирана посветеност на општината кон модернизација и унапредување на локалната инфраструктура.
Со започнатото асфалтирање и интензивните теренски активности, Општина Илинден продолжува со реализација на проекти што придонесуваат за подобар квалитет на живот, рамномерен развој и современо уредување на сите населени места.