Скопје подобрување на условите за работа

Општина Илинден со нови инвестиции во образованието и спортот

Увид во градежните активности направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека изградбата на паркинг просторот е во насока на обезбедување на квалитетни услови за функционирање на училиштето, додека пак со изградба на оградата ќе се придонесе за подобување на функционалноста на спортските објкети и спортскта инфрструктфура.

Општина Илинден со нови инвестиции во образованието и спортот

Општина Илинден интензивно работи на изградба на паркинг простор за околу 30 возила во рамки на Средното општинско стручно училиште „Илинден“.

Паркинг просторот зафаќа површина од околу 550 м2, предвиден е за потребите на училиштето и ќе придонесе за значително подобрување на условите за работа и организираност во сообраќајот околу училиштето.

Дополнително, се започна со изградба и поставување на нова заштитна ограда околу спортскиот комплекс „Драго Маневски“ .Во рамки на проектот ќе се извршат бетонски работи и поставување на заштитна ограда во должина од 240 метри, сè со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните кои секојдневно го користат спортскиот простор за тренинг и рекреација.

Увид во градежните активности направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека изградбата на паркинг просторот е во насока на обезбедување на квалитетни услови за функционирање на училиштето, додека пак со изградба на оградата ќе се придонесе за подобување на функционалноста на спортските објкети и спортскта инфрструктфура.

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот на граѓаните и создаваат подобри услови за образование, спорт и рекреација.

Најнови вести од Скопје

To top