Скопје

Општина Ѓорче Петров ќе ги засили мерките за заштита на населението при временски непогоди

Општина Ѓорче Петров ќе ги засили мерките за заштита на населението при временски непогоди

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска на средба со командирот на Полициската станица во Ѓорче Петров, Златко Цветковиќ, разговарал за засилување на мерките за навремено справување со евентуални временски непогоди, пожари или поплави.

Како што соопшти Општината, командирот Цветковиќ го информирал Стојкоски дека полицијата во Ѓорче Петров е подготвена да ја засили безбедноста и да излезе во пресрет во справувањето со непосакуваните состојби кои може да следуваат.

-И Кризниот штаб на Општина Ѓорче Петров е на готовс, подготвен во рамки на своите ингеренции и можности да реагира и да излезе на терен, доколку се јави потреба, информирал Стојкоски.

За превенција од пожари поради високите температури, градоначалникот рекол дека се планира воведување забрана за движење низ шумските делови на Кучково.

-Соработката меѓу општината, полицијата и останатите надлежните институции е од клучно значење за заштита на граѓаните. Како одговорна локална самоуправа, секогаш делуваме навремено при состојби кои може да бидат опасни по животот и имотот на нашите граѓани, нагласил Стојкоски

To top