Општината со особена сериозност и одговорност пристапува кон секоја пријава од граѓаните, особено кога станува збор за безбедноста и спокојството на станарите.
Силно сме загрижени од информациите за настанатата штета врз станбената зграда и разбираме дека ваквите ситуации предизвикуваат вознемиреност и чувство на несигурност кај жителите.
Ве информираме дека веднаш по добивањето на пријавата, нашите надлежни инспектори се во контакт со управителот на зградата и утврдено е дека изведувачот и инвеститорот направиле реална штета. За истата, тие ќе бидат веднаш, без никакво одлагање, задолжени да ја санираат. Дополнително, согласно законските прописи, против нив ќе биде изречена соодветна казна.
Сакаме да нагласиме дека Општината нема да дозволи несовесно градење и постапки кои го загрозуваат квалитетот на живеење и безбедноста на граѓаните. Бидејќи се работи за штета со можен основ за надомест, жителите имаат право да побараат и дополнителна правна заштита преку надлежните судови.
Секој изведувач и инвеститор е должен да работи одговорно и во согласност со закон, и нашите служби ќе продолжат внимателно да го следат случајот.
Сакаме да нагласиме дека единствен надлежен орган кој има право да влезе во објект во градба е Градежниот инспекторат, кој и во овој случај постапува согласно своите овластувања.
Ви благодариме што гласно реагирате и ни помогате заеднички да ја чуваме безбедноста и достоинството на урбаното живеење.
Општина Ѓорче Петров