Општина Аеродром постигна значајни резултати во соработка со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
На денешниот состанок на кој присуствуваше и в.д градоначалникот, Дејан Митески, беа презентирани главните постигнувања од 18 месечното партнерство и добиената техничка поддршка:
-Зголемен индекс за даночна транспарентност за 2023‐2024 кој изнесува 67%, во однос на 2022-2023 кога изнесувал 58%
-Општина Аеродром ја задржа максималната оценка за буџетска транспарентност од 16 индексни поени (од можни 16) и во 2023/2024 и во 2022/2023 година
-Споделени материјали со цел подобра информираност за надлежностите на општината, во рамки на кампањата „Општина на дланка“
-Подобрена активна транспарентност која во 2024 година изнесува 75.4%2, во однос на 2023 кога изнесувала 69% (од можни 100%)
-Изработен Извештај за самооценување на успешноста во управувањето со јавните финансии за 2023, со препораки за подобрување согласно претходно утврдени индикатори за мерење на успешноста
-Објавени Индикатори за јавни набавки за 2023 година на веб-страницата на Општината
-Подготвен и објавен Граѓански буџет за 2024 на веб-страницата на општината
-Зголемена наплата на приходи од сопствени извори за 8%
-Подготвен Извештај со препораки за подобрување на организациските капацитети за администрирање на локалните даноци,
-Информирање на даночните обврзници за плаќањето на данокот на имот, преку едукативната кампања „Мој данок за мојата општина“ споделена на веб-страницата на општината
-Подготвена анализа на организациските капацитети за администрирање на локални даноци и такси во Градот Скопје и општините во Градот Скопје со препораки за поефикасна институционална соработка и поефективно планирање и наплата на локалните приходи
-Зајакната комуникација помеѓу Градот Скопје и општините во Градот Скопје преку поддршка на активности за унапредување на администрирањето на локалните даноци и такси и зголемување на даночна транспарентност
-Подготвена и објавена Процедура за внатрешна комуникација на Општината, објавена на веб-страницата
-Подготвен и објавен План за локален економски развој
-Изработен и споделен модел за изработка на бизнис информатор
-Информирање за отворени повици за проекти.
Овие резултати претставуваат значаен чекор за Општина Аеродром кон поголема транспарентност и ефикасно управување со локалните финансии.