Скопје од денеска

Општина Аеродром: Аплицирајте за еднократна парична помош за прваче

Општина Аеродром: Аплицирајте за еднократна парична помош за прваче

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 10 јули до 30 септември 2024 година.

Родителите на првачињата е потребно до архивата на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2024/2025 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.

Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari

Најнови вести од Скопје

To top