Скопје

Ново возило за комунален отпад на ЈКП „Илинден“

Општина Илинден во континуитет ги подобрува комуналните услуги. Денес беше промовирано новото комунално возило на ЈКП „Илинден“ за собирање на комунален отпад, пришто повторно е подновен возниот парк на претпријатието. Специјалното возило за собирање на комунален отпад е со капацитет од 20м3, и ќе ги замени старите и дотраени возила наменети за собирање на комунален отпад низ населените места во Илинден.

Возниот парк во ЈКП „Илинден“ континуирано се обновува, такашто во изминатиот период досега претпријатието има набавено три комунални возила и една градежна машина.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој денеска го разгледа возилото истакна дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите, а со набавката на комунални возила ќе се подобри квалитетот на услугите кои ги врши Јавното претпријатие и ќе се обновува стариот и дотраен возен парк.

Градоначалникот Георгиевски додаде дека, со обновувањето на возниот парк на општинското јавно комунално претпријатие ,,Илинден” ќе се овозможи и подобрување на условите и ефикасноста во работењето на вработените во ЈКП ,,Илинден”.

To top