Прекрасниот неделен сончев ден го искористија децата кои живеат во непосредна близина на улицата ,,Ѓорѓи Димитров”. Во голем број излегоа да уживаат на новото детско катче и новиот терен за мал фудбал. Просторот е надополнет со урбана опрема и зеленило, така што претставува нова локација за одмор и дружење и за повозрасните.
-Се работи за ново детско катче, нова урбана опрема, клупи, нова подлога и игралиште за мал фудбал со вештачка трева на улица ,,Ѓорѓи Димитров”. Најмладите наши жители, за нивната детска игра непречено да тече, добиваат ново детско катче и терен за фудбал, а повозрасните генерации ќе можат да уживаат во зеленилото и урбаната опрема која ја нуди ова место.Сето ова, хортикултурно уредено за да естетски изгледа уште поубаво овој парк. Мојот народ од овој дел на Кисела Вода добива реконструирано катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено. Промените се случуваат и продолжуваат секој ден, нема запирање-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.