Без вода денеска од 08:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Јани Лукровски“, „16-та Македонска Бригада“ и „Трифун Хаџијанев“.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на затворач ф-100 мм на ул.„Јани Лукровски“ бр. 2.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.