ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 14.10.2024 до 18.10.2024 зема 202 примероци за физичко-хемиска и 202 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).