Скопје

Назначен нов в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“

Назначен нов в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“

На местото нов в.д. директор на ЈП „Водовод и Канализација“ е назначен Виктор Панчевски.

Од Град Скопје информираат дека Панчевски доаѓа на позицијата како професионалец од јавното претпријатие „Паркови и зеленила“, со силна биографија кој значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие.

Во наредниот период ЈП „Водовод и канализација“, реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието.

To top