Согласно последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) до 15 часот најголема излезеност за првиот круг на претседателските избори има во скопската општина Карпош. Таму 45,24% од граѓаните го оствариле своето право на глас.
Веднаш зад неа по излезеност во општините во Скопје, е Аеродром, со 44,51% на излезеност на гласачите.
Согласно податоците, во општина Ѓорче Петров до 15 часот нешто над 42 проценти од гласачите го оствариле своето право. Во Бутел, излезеноста е скоро 40%, а во Гази Баба нешто над 39% од граѓаните го оствариле своето избирачко право.
Споредбено со податоците на ДИК од претседателските избори во 2019 година, чијшто пресек тогаш беше направен во 15 часот, може да се забележи дека на овие избори излезеноста на гласачите е значително поголема.