Скопје Кисела Вода

Над 1000 маскирани дечиња на „Шеговил“

Жири комисијата имаше тешка задача да избере три најдобри маски и соодветно ги награди.

Над 1000 маскирани дечиња на „Шеговил“

На просторот пред салата Расадник каде е поставен забавен парк со најразлични реквизити беа собрани околу 1000 маскирани дечиња. Просторот беше исполнет со ведрина, со игра и детска смеа. Кловнови и аниматори се грижеа за шеги и трикови, додека за музичкот дел беа задолжени омилените „Поточиња“.

Општина Кисела Вода

Алексеј Стојменов од ООУ „Невена Георгиева Дуња“, Андреј Михајловски од ООУ „Круме Кепески“ и Нина Костов од ООУ „Рајко Жинзифов“, се имињата на наградените маски на денешната првоаприлска манифестација „Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!“ организирана од Кисела Вода. Специјална награда доби и најмладиот учесник на масекнбалот, Ника Костовска.

Градоначалник Орце Ѓорѓиевски

Жири комисијата имаше тешка задача да избере три најдобри маски и соодветно ги награди. Првонаградениот доби таблет, додека за второто, третото место и за најмладиот учесник, Општина Кисела Вода обезбеди слатки пакети! Сѐ на сѐ, „Шеговил“ беше едно убаво доживување за сите присутни дечиња кои долго ќе го паметат денешниот први април.

Најнови вести од Скопје

To top