На 1 и 8 јануари, односно Нова година и прв ден Божик, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата, известуваат од јавното претпријатие.
Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје нагласуваат дека редовна наплата ќе се врши на следните паркиралишта:
– Зона А0- Водно,
– Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и
– Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на сите граѓани им ги честита празниците со желби за добро здравје, мир и благосостојба.