Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, 25 мерки за некористење сигурносен појас, осум санкции за непрописно престројување на возила…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.