Скопје ВМРО-ДПМНЕ

Митевски: Општина Петровец доби нова општинска зграда, а за најмладите се гради нова детска градинка

Ќе продолжиме да ги подобруваме условите за живот на сите жители на нашата општина и во сите населени места, изјави Борче Митевски.

Митевски: Општина Петровец доби нова општинска зграда, а за најмладите се гради нова детска градинка

Пред се, сакам да ви се заблагодарам на медиумите што ми овозможија да дадам отчет за сработеното на Општина Петровец за последниве три години, изјави Борче Митевски, градоначалник на општина Петровец.

„1. Во населено место Сушица целосно го реконструиравме плоштадот.

Извршивме санација на патот од Сушица до Живиње.

Целосно го реконструиравме Културниот дом во Сушица.

Извршена е санација на резервниот резервоар за водоснабдување.

2. Во Горно Коњари изградивме пешачка патека во должина од 250 м. Од центарот на селото до излезот до бензиската пумпа.

Поставена е канализациона мрежа во должина од 350 метри.

Поставена е водоводна мрежа во должина од 450 метри.

Извршена е реконструкција и санација на подрачното училиште „Братство и Единство“ .

3. Во Средно Коњари извршивме реконструкција на централното училиште, „Братство и Единство“ .

Во населеното место Средно Коњари го асфалтиравме патот од клучката на автопатот до мостот на реката Пчиња.

Целосно е оградено фудбалското игралиште во Средно Коњари.

4. Во Долно Коњари извршивме реконструкција и санација на подрачното училиште „Братство и Единство“ .

Започната е изградба на повеќенаменско спортско игралиште.

Поставена е одводна канализациона мрежа во должина од 820 м. во новата населба каде ќе можат да се приклучат повеќе од триесет домаќинства.

5. Во населеното место Дивље изградена е една улица од 320 метри.

Пуштени се две бушотини за водоснабдување на селото.

Тампонирани се улиците во должина од 700 метри.

Поставена е нова водоводна мрежа во должина од 1070 метри.

6. Во населено место Чифлик извршивме санација и асфалтирање на пристапната улица до селото во должина од 300 м. Пуштена е во функција пумпа за водоснабдување на населеното место Чифлик.

7. Во населеното место Ржаничино во новата населба (блок 6) изградена е фекална канализациона мрежа во должина од 2100 м.

Изграден е нов детски забавен парк.

Асфалтирани се три улици во должина од 750 метри.

Целосно е оградено фудбалското игралиште на ФК Ржаничино.

8. Во населено место Петровец изградивме нова пешачко-велосипетска патека од центарот на Петровец до излезот на Ржаничино во должина од 2050 метри, со што ја зголемивме безбедноста на учениците кои учат во ООУ,,Кочо Рацин,, во Петровец.

Во населеното место Петровец изградивме нова општинска зграда од 860 м2.

Во тек е изградба на нова детска градинка што трајно го решаваме проблемот со упис на деца во детската градинка.

Реконструирани се три детски забавни паркови.

Извршивме порамнување на полски патишта во должина од 2500 м.

Изградени се седум улици во должина од 2310 метри со павер елементи.

– Набавени се камион за собирање смет, мулчер, машина за отпушување на канализациони системи, контејнери канти за смет за ЈКП, ги реновиравме целосно административните простории на ЈКП.

9. Во населено место Огњанци тампонирана е крак на улица 1 во должина од 260 метри.

Целосно реконструирано е подрачното училиште со замена на врати, прозорци и фасада.

Во тек е изградба на нова спортска сала со површина од 472 метри.

Поставена е канализациона мрежа на поголем дел од населеното место, а поставувањето продолжува се до негово целосно имплементирање во 2025 година.

10. Во населено место Катланово изградена е нова просторија за пензионери.

Изградени се и поплочени се пет улици во должина од 500 метри со павер елементи.

11. Во населеното место Бадар извршивме проширување и тампонирање на локален пат во должина од 650 метри.

12. Во населеното место Летевци извршивме тампонирање и санација на локален пат во должина од 800 метри.

13. Во населеното место Брезица го асфалтиравме пристапниот пат во должина од 700 метри.

14. Во населеното место Ќојлија асфалтиравме една улица во должина од 230 метри.

15. И на крај во мултифункциналната зона Ќојлија асфалтиравме две улица во должина од 450 метри“, потенцира Митевски.

И доаде: Поставивме канализациона мрежа во должина од 695 метри.

Почитувани мои сограѓани, продолжуваме и понатака да работиме транспарентно и отчетно заедно со советниците од Советот на Општина Петровец и општинската администрација. Ќе продолжиме да ги подобруваме условите за живот на сите жители на нашата општина и во сите населени места, изјави Борче Митевски.

Најнови вести од Скопје

To top