Поради дефект на затворач ф-100 мм на улицата „Жан Жорес“ 129, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите Маџари и Хиподром.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санација на дефектот.