Од 1996 година некогашната приградска населба Ѓорче Петров добива статус на полноправна скопска општина. Иако Ѓорче на македонската престолнина отсекогаш и припаѓало, ѓорчепетровци умеат да кажат дека Ѓоче е и посебно и засебно… Држава во градот! А тие како и сите останати жители покрај елементарните услови за живот имаат свои навики и потреби и за спортување, рекреација, курно-уметнички живот, забава…
Токму за овие нешта или како што велат, за убавата страна на политиката во Ѓорче Петров разговаравме со првиот човек на општината, градоначалникот Александар Стојкоски кој не прошета на неколку клучни локации.
Поточно, на оние места каде токму оштината на своите жители и сограѓани се потрудила да им овозможи што подобри услови за тие да ги остваруваат своите рекреативни, спортски, културни, забавни… потреби и продолжува тоа да го прави.
Што се’ е реализирано на овој план, кои се тековните работи и идните плановите на ова поле, какви се размислувањата, идеите, можностите и инвестициите… погледнете во видеоинтервјуто направено низ јунската прошетка по сончевото Ѓорче, со градоначалникот Стојкоски.