Денеска во просториите на Општина Аеродром се спроведува крводарителска акција во соработка со ЈЗУ ГОБ „8 Септември“.
Во акцијата се вклучија голем број вработени од општинската администрација, како и многу хумани граѓани, кои уште еднаш ја покажаа својата солидарност и хуманост.
Голема благодарност до сите дарители – со овој хуман чин се спасуваат човечки животи и се дава надеж таму каде што е најпотребна.
Да продолжиме да даруваме, да помагаме и да бидеме пример дека хуманоста е најголема вредност, рече Дејан Митески градоначалник на општина Аеродром.