-Тоа што е многу важно да посочам дека покрај градбата на коритото, во втора фаза ќе изградиме една трим пакета за која што навистина конечно бутелчани, граѓаните на општина Бутел ќе добијат едно вистинско место за рекреација.
Накусо би споменал дека овој период е навистина динамичен, во овој момент се градат 10-улици на територија на општина Бутел, проектираме уште 10 меѓу кои многу битни важни сообраќајници. Обезбедивме и средства со веќе завршени проекти за три клучни сообраќајници, улица Натаниел Кучевишки, улица Хошимин, улица 1558 во населба Радишани.
Би се осврнал на тоа дека, еве сведоци сме ве тука во близина имаме еден убаво спортско-рекреативен центар, навистина многу убаво поминуваат. За многу кусо почнуваме со градба на 3 нови спортско-рекреативни центри.
И би се задржал сосема на крајот на капиталните проекти, секако ова е еден од тие. Во напредна фаза е проектирањето на водоводот во Љуботен и Љубанци, исто така проект кој што со децении го чекаа граѓаните на територија на општина Бутел во соработка со Американската амбасада. И исто така би посочил веќе уште утре ќе се распише тендерска постапка за новата градинка во Бутел 2.
И ете ексклузивно би посочил уште една работа дека остана само уште да помине на седница на совет деталниот урбанистички план за поликлиника на територија на општина Бутел која што ќе ја изградиме со помош на следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, чиј предводник ќе биде Христијан Мицкоски, рече Костовски.