-Денес доделивме 4 000 000,00 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел! Искрено се надевам дека оваа финансиска помош ќе помогне на клубовите и ќе стимулира нови државни, балкански, европски и олимписки шампиони, објави Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел.
-Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека пак врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата. Општина Бутел е најспортска општина во Македонија согласно постигнатите спортки успеси, а веќе сме и лидери во спортска инфраструктура, потенцира тој.
Јас како градоначалник и Општина Бутел ќе бидеме цврст партнер на сите спортисти и спортски клубови од нашата општина! Честитки за сите спортски клубови и им посакувам успешна работа!