Скопје честитка до Арабел и стручниот штаб

Костовски: Ова е најголем спорски успех последниве две години за Македонија

Ова е најголем спорски успех последниве две години за Македонија, по дефиниција за тоа што значи врвен спорт. Браво мајсторе, ајде биди новиот Аце Русевски или Реџеп Реџеповски. Македонскиот бокс, македонската држава тоа го заслужува. Честитки до стручниот штаб, браво!“, истакна Костовски.

Костовски: Ова е најголем спорски успех последниве две години за Македонија

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски упати искрена честитка и пофалба за успехот на Арабел Рустемовски.

Тој на својот фејсбук пофил објави: БРАВО! ПО НЕКОЛКУ ГОДИНИ ВРВЕН ОЛИМПИСКИ СПОРТСКИ УСПЕХ ПОД МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ! ЕВРОПСКА ЈУНИОРСКА БРОНЗА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ОЛИМПИСКИ БОКС, БРАВО АРАБЕЛ РУСТЕМОВСКИ!

Во објавата тој додаде ако јуниорски, денешниот успех на Арабел Рустемовски е по дефиниција врвен спортски резултат. Арабел помина две кола на официјално јуниорско европско првенство во олимписки бокс.

„Тоа што овој медал го прави посебно сјаен е фактот дека нашиот боксер Арабел во првото коло елиминираше руски боксер, во превод како Македонија да учествува на европско во фудбал и ја совлада Шпанија. Можеби споредбава ми е и млака.

Олимписки спорт, олимписка пеколна конкуренција, медал за македонскиот бокс по долга апстиненција. Ова не е медал само за боксот, ова е медал за Македонија, медал за македонскиот олимписки спорт.

Секој спортски успех е убав под македонско знаме, но овој е многу редок бидејки е во прашање ОЛИМПИСКИ СПОРТ, мегдан каде што нема место за ништо друго освен за сурова вистина ! Место каде што тешкотијата да стигнете до медал е најмалку 1 према 10 во споредба со било кој неолимписки спорт.

Арабел е нова олимписка државна надеж, фокус на него и да го гледаме на олимписки игри со олимписка норма. Да биде таму меѓу светскиот спортски крем, таму каде што до сега во независна Македонија сме биле само два пати.

Ова е најголем спорски успех последниве две години за Македонија, по дефиниција за тоа што значи врвен спорт.
Браво мајсторе, ајде биди новиот Аце Русевски или Реџеп Реџеповски. Македонскиот бокс, македонската држава тоа го заслужува.
Честитки до стручниот штаб, браво!“, истакна Костовски.

To top