ЦРВЕНО ЖОЛТ БУТЕЛ!
НАД 1200 УЧЕНИЦИ ГО ФОРМИРАА НАЈГОЛЕМОТО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ!
Стоиме заедно обединети под светлината на нашето Македонско знаме! Во црвено и жолто, го формиравме најголемото Македонско знаме!
Благодарност до Андријана Јаневска која на маестрален начин ја изведе нашата Македонска химна!
Со особена гордост го одбележуваме овој значаен момент формирање на Македонското знаме, кое е симбол на независноста, заедништвото и достоинството. Тоа нѐ повикува да бидеме обединети, горди и одлучни во зачувување на нашите вредности.
Знамето и химната се симболи на државност и секој еден од нас треба да се идентификува и да ги почитува националните симболи на Република Македонија.
Овој чин не прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности.
Развивање на чуството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи за нас е важен момент.
Македонија вечна!, пишува костовски во својата објава.