Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска бил во Визбегово, каде дадол збор пред извесен период дека ќе ја направи пристапната улица до Oсновното училиште кое се изгради.
-Денеска заедно со задоволните жители на Визбегово, чичко Раман, Нешат, Али и останатите договоривме и нови важни приоритети. Дадениот збор мора да се испочитува.
Морам да истакнам дека ДУИ И СДС 20 години наназад иако беа централна и локална власт, камен на камен не поставија во ова населено место, затоа жителите се евидентно задоволни кога некој не ги лаже, кога некој цврсто стои на зборот !
Рамномерен развој за општина Бутел, модерна општина Бутел, објави Костовски.