За првпат, Општина Кисела Вода преку своето Јавно комунално претпријатие ЈКП „Кисела Вода 2022- Скопје“ започнува самостојно и континуирано собирање на пријавен кабаст отпад на целата територија на општината.
Досега, оваа услуга се реализираше неколку пати во годината, во соработка со службите на Град Скопје.
Отсега услугата е постојано достапна, односно секогаш кога граѓаните ќе имаат потреба.
Пријавување на подигнување на кабаст отпад:
070/288-897
Работно време:
понеделник – петок, 08:00 – 16:00 часот

– По извршена пријава, екипите на ЈКП го подигнуваат отпадот во рок од 24 часа. Отпадот е потребно е да биде оставен пред куќата или зградата. Сите собрани количини се транспортираат и соодветно се депонираат во ЈП „Дрисла“, согласно еколошките стандарди, велат од Општината.
Каков кабаст отпад може да се пријави:
• Стар мебел
• Врати
• Прозорци
• Душеци
• Друг крупен домашен отпад
Не се прифаќа:
• Градежен шут
• Електронски отпад
• Гуми
• Опасен отпад (боја, хемикалии и сл.)
– На истиот телефонски број може да добиете дополнителни информации, како и информации за цената на услугата. Да бидеме одговорни – чистата околина е наша заедничка обврска. Со само еден повик – до почиста Кисела Вода, вели градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.