Скопје 173 за брзо возење

Казни за 345 возачи во Скопје

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.

Казни за 345 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 345 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 173 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, 27 мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за управување под дејство на алкохол…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.

To top