Скопје Општина Карпош

Карпош ќе набавува машина за чистење на отпад и депонии

Карпош ќе набавува машина за чистење на отпад и депонии

Денеска се одржа деветтата седница на Советот на Општина Карпош, каде советниците разгледуваа и одлучуваа по три точки од дневниот ред. Оттука, поддршка доби Предлог – Одлуката за кофинансирање на проектот кој го објави Министерството за локална самоуправа на РМ, насловен како „Набавка на телескопски натоварувач со променливи корпи“. Станува збор за набавка на механизација која ќе ја користат службите од Општина Карпош, задолжени за одржување на јавната хигиена на своја територија. Имено, оваа машина ќе служи за расчистување на различен вид отпад, гранки, лисја, но исто така и за отстранување на депонии. Согласно техничката спецификација, проценетата вредност на машината е близу 3 милиони денари со пресметан ДДВ. Во случајов Општина Карпош ќе го кофинансира проектот со 330.000 денари со вклучен ДДВ, односно ќе учествува со финансиски средства во висина од 11% од вредноста на набавката.

Со мнозинство гласови беше поддржана Предлог – Одлуката со која Советот дава согласност за распишување на Јавен повик за избор на членови на Советот за женско претприемништво кој ќе биде објавен на официјалната веб- страница на Општина Карпош. Инаку, Советот за поддршка на женско претприемништво на Општина Карпош, се формира заради поттикнување и поддршка на актуелните и потенцијалните жени претприемачи во општината.

Советниците на денешната седница ги изгласаа и измените и дополнувањата на Решението за разрешување и именување на член во Управниот одбор на општинска детска градинка „Мајски Цвет“.

To top