ЈСП преку соопштение ги потсетува корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2026 година.
-Продолжувањето/заверувањето на билетот започнува од денес (25.12.25), и се врши во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа, оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид, стои во соопштението на ЈСП.
Оттаму додаваат дека на студентите/бруцоши од студентската 2025/2026 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година.