Скопје

ЈСП Скопје потсетува за продолжување на билетите за бесплатен превоз за 2024

Од ЈСП-Скопје информираат дека процедурата се врши во било кој центар за персонализација, со лично присуство и лична карта на увид.

ЈСП Скопје потсетува за продолжување на билетите за бесплатен превоз за 2024

Јавното сообраќајно преторијатие ЈСП-Скопје ги потсетува возрасните лица, корисници на бесплатен превоз во вторник, петок, сабота и недела, да ги продолжат/заверат билетите за наредната година, доколку сакаат да го користат правото на бесплатно возење во посочените денови и во 2024 година.

Од ЈСП-Скопје информираат дека процедурата се врши во било кој центар за персонализација, со лично присуство и лична карта на увид.

Истовремено, ги потсетуваат и корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека е неопходно да го продолжат/заверат билетот за 2024 година.

Информираат дека процедурата се врши во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа (не постара од 30 дена), оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид.

На студентите/бруцоши од студентската 2023/2024 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година,информираат од ЈСП Скопје.

To top