Скопје За Меѓународниот саем на книгата

ЈСП Скопје од четврток ги вклучува и линиите „100“ и „200“

И двете линии ќе сообраќаат до 24.04.2024 год. (среда), а билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз.

ЈСП Скопје од четврток ги вклучува и линиите „100“ и „200“

ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи полесен пристап на посетителите на „Меѓународен саем на книгата“ кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.

За таа цел, од четврток (18.04.2024 год.), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“, едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион.

И двете линии ќе сообраќаат до 24.04.2024 год. (среда), а билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз.

Возен ред на линија „100“ (Ново Лисиче – СЦ „Борис Трајковски“)

Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 15 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.

Траса на движење: улица „Февруарски поход“, булевар „В.Смилевски Бато“, булевар „Јане Сандански“, булевар „К.Јосифовски Питу“, булевар „Кочо Рацин“, улица „11 Октомври“, улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Возен ред на линија „200“ (Дексион-СЦ „Борис Трајковски“)

Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.

Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.

Траса на движење: улица „Црногорска“, улица „Кузман Шапкарев“, улица „Ѓорче Петров“, булевар „Партизански одреди“, улица „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Најнови вести од Скопје

To top