Скопје ВМРО-ДПМНЕ

Јаревски: Дали Јакимовски барал од Димитар Ковачевски да му ги одземе ингеренциите, за сo одлука на влада да се бетонизира кај Алумина за бизнис од 600 милиони?

Дали Стевчо Јакимовски барал од Димитар Ковачевски да му ги одземе ингеренциите, за со одлука на влада да се бетонизира кај Алумина?

Јаревски: Дали Јакимовски барал од Димитар Ковачевски да му ги одземе ингеренциите, за сo одлука на влада да се бетонизира кај Алумина за бизнис од 600 милиони?

Дали Стевчо Јакимовски побарал од Ковачевски да се прескокне Советот на општина Карпош и волјата на карпошани, само за да им успее бизнисот од 600 милиони евра?

Димитар Ковачевски да каже дали на средбата со Стевчо Јакимовски дал ветување дека ќе му ги одземе ингеренциите и ќе продолжи со планот за изградба на висококатниците кај Алумина?

Ковачевски да каже и дали Јакимовски пред него претставил план и податоци за сите градежни инвестиции во Карпош кои откако ќе ги преземе владата ингеренциите ќе може да се реализираат?

Дали зад планот на Јакимовски предложен до Ковачевски се крие уште поголема бетонизација и како тој одговорил на тоа?

Ковачевски да не се крие. Сопственик на земјиштето е Пуцко Петрол, фирма во сопственост на син на пратеникот од неговата коалиција.

Ковачевски да каже дали е спремен да го жртвува Карпош за бизнис зделката на Пуцко Петрол?, прашува пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

To top