Како дел од „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ од 2025 година, извршена е редовна пролетна дератизација за уништување на глодари на 1073 шахти.
А во тек е и спроведување на дезинфекција на јавни објекти на површина од 3300 м 2, меѓу кои е општинската зграда, како и домовите на култура на Општина Илинден.
Во насока на спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции, Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со примена на сите потребни мерки за заштита на населението.