Скопје

Изгласана завршната сметка на Општината Ѓорче Петров, вкупно планираните приходи во 2023 година реализани со историски највисоки 77%

Изгласана завршната сметка на Општината Ѓорче Петров, вкупно планираните приходи во 2023 година реализани со историски највисоки 77%

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Демократски Сојуз во Советот на Општина Ѓорче Петров денеска ја усвоија завршната сметка на Буџетот за 2023 година.

Буџетската каса е во добра финансиска кондиција, благодарение на домаќинското управување со Буџетот. Може да се утврди дека вкупно планираните приходи во 2023 година се реализирани со 77 проценти, или остварени се приходи во вкупен износ од 641.595.939 денари од кои 313.825.725 денари се однесуваат на основниот буџет што е за 109.541.294 денари повеќе во однос на минатата година, истакна градоначалникот Стојкоски.

Во однос на 2022 година, вкупните основни приходи бележат зголемување во даночните приходи, капиталните приходи и трансфери и други даноци.

Во делот на основните расходи, пак, најголемо учество имаат капиталните расходи (реконструкција и изградба на улици, изградба на пречистителни станици и колектори, подготовка на проекти за улици и училишни згради и детски градинки и сл.) стоките и услугите.

Продолжуваме да работиме исклучиво во интерес на граѓаните и во насока на реализација на проекти кои имаат една и единствена цел – подобрување на квалитетот на животот на ѓорчепетровци, додаде Стојкоски.

To top