Скопје

Историски момент за Ченто – по 62 години новата училишна зграда на ООУ „Крсте Мисирков“

Изградба на нова училишна зграда за ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто, посета на градежните работи извршија градоначалникот Бобан Стефковски и министерката за образование и наука Весна Јаневска

Историски момент за Ченто – по 62 години новата училишна зграда на ООУ „Крсте Мисирков“

Денес градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, пратениците и советниците од општината направија увид на градежните работи за изградба на новото општинско основно училиште „Крсте Мисирков“.

– По 62 години, конечно се реализира проект од огромно значење за целото население, за сегашните и идните генерации ученици, наставници и родители. Старите училишни бараки одамна не ги задоволуваа ниту стандардите, ниту потребите на современото образование. Со овој нов објект, правиме крупен чекор кон обезбедување достоинствени услови за учење, воспитување и растење на децата од Ченто, изјави градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.

Новата училишна зграда ќе биде со приземје и еден кат, со површина од 3128 метри квадратни. Ќе биде опремена со 30 специјализирани кабинети со капацитет за 713 ученици.

– Новото училиште ќе биде простор каде децата ќе се едуцираат, развиваат и ќе создаваат спомени што ќе ги носат цел живот. Продолжуваме заедно, со конкретни чекори и силна посветеност, да градиме подобро образование и подобра иднина за сите, додаде Стефковски.

Најнови вести од Скопје

To top