Скопје

Интензивно се работи на подобрување на условите во основните училишта во Општина Аеродром

Интензивно се работи на подобрување на условите во основните училишта во Општина Аеродром

Во текот на летниот распуст интензивно се работи на подобрување на условите во основните училишта во Општина Аеродром, каде што покрај редовното бојадисување и темелно чистење, се вршат и поголеми зафати за проширување на нивниот капацитет.

ООУ „Браќа Миладиновци“ во населбата Острово новата учебна година ќе ја започне со две нови училници. Станува збор за простории кои во изминатите години не биле функционални, а сега се опремуваат со нови енергетски ефикасни прозорци и врати, со нови подови, смарт-табли, како и нови клупи за учениците, а исто така, се очекува да бидат подобрени и условите во тоалетите.
Градежни зафати деновиве се спроведуваат и во ООУ „Љубен Лапе“ каде што се врши санација на санитарните јазли, се преградува една поголема просторија со што ќе се добијат две училници, се реконструираат старите и дотраени прозорци и врати, а има најава и за реновирање и на училишната кујна.

Неодамна в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, го посети и ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче каде што веќе се реконструирааат тоалетите, а се работи и на осовременување на спортскиот центар „Марко Божиновски“ со нова модерна фитнес-сала, која ќе можат да ја користат учениците, но и сите жители на Аеродром.

Општина Аеродром останува фокусирана на најмладите и на подобрување на условите во училиштата каде што учениците поминуваат најголем дел од своето време и каде што го стекнуваат своето знаење.

Најнови вести од Скопје

To top