Скопје Овие дечиња се мои верни пријатели, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот Ѓорѓиевски им подели пакетчиња на децата со посебни потреби

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на Новогодишната забава на дечињата со церебрална парализа и со Даунов синдром во нивниот клуб во Расадник. Заедно се дружеа, а им подели и новогодишни пакетчиња.

Градоначалникот Ѓорѓиевски им подели пакетчиња на децата со посебни потреби

-Овие дечиња се мои верни пријатели со кои секогаш со љубов се среќавам. Нова година е уште еден од поводите кои ги користам да им пружам внимание и да им покажам дека јас, како градоначалник и Општина Кисела Вода мислиме на нив и се трудиме тие да имаат еднакви можности како сите останати деца. Им поделивме пакетчиња, заедно се забавувавме и со нив и со нивните родители разговаравме околу нивниот напредок постигнат во периодот од нашата последна средба и потребите што ги имаат. Секогаш уживам во времето поминато со нив и како што ги известив, и во новата година ќе реализираме бројни проекти кои имаат цел да го подобрат нивното секојдневие. Воедно, ги поканив на новогодишната манифестација на Општина Кисела Вода, новогодишен караван кој ќе трае три дена и започнува утре во Драчево каде Дедо Мраз ќе се вози со кочија и ќе дели пакетчиња, продолжува во четврток од Домот за култура “Билјана Беличанец” и финализира во петок во Расадник, каде ќе настапуваат повеќе музички ѕвезди, а пакетчиња ќе има за сите присутни деца. Се надевам дека и овие мои пријателчиња ќе бидат таму и ќе го збогатат настанот со своето присуство-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Инаку клубот во кој се одржа денешната прослава го отвори и го финансира градоначалникот Ѓорѓиевски. Покрај тоа, Кисела Вода овозможи и функционирање на Дневен центар за окупациона терапија за лица со попреченост над 18 години, ја отвори првата целосно инклузивна јавна детска градинка “Симба’, како и првото целосно инклузивно основно училиште, ООУ “Кузман Јосифовски Питу”. Кисела Вода е првата општина која вработи лице со Даунoв синдром и единствената општина каде, преку соработка со Црвен Крст старите и немоќни лица добиваат бесплатен посебен транспорт за користење на здравствена, социјална или друга административна услуга. Во насока на обезбедување на еднакви можности за сите, во Општина Кисела Вода заедно со Министерство за труд и социјална политика и Црвен Крст отвори и Нега Центар за обезбедување на помош во домашни услови за повозрасните и лицата со попреченост. Воедно, овие лица се вклучени и во сите манифестации организирани од Општина Кисела Вода.

To top