Скопје

Градежна офанзива во Ѓорче Петров

Со задоволство ви ја соопштуваме најновата градежна активност во Ѓорче Петров. Во моментов се изведуваат работи на асфалтирање на кракците на улица 51 во Стопански Двор, како и краците на улица 31 и улица 49 во Волково, информираат од општина Ѓорче Петров.

Со овие активности, кои опфаќаат вкупна површина од 2300 м², директно се подобруваат пристапните патишта до домовите на нашите сограѓани.

Градоначалникот Александар Стојкоски изрази гордост што локалната самоуправа успешно ги реализира ветувањата, истакнувајќи дека секој завршен проект е доказ за посветеноста и чесноста во работата. „Работиме со цел да го направиме Ѓорче Петров место со подобри услови за живот и модерни патишта. Ѓорче Петров без кал е веќе реалност,“ изјави Стојкоски.

Со секој нов проект се приближуваме кон нашата визија за современа и просперитетна заедница, стои во соопштението на општината.

Најнови вести од Скопје

To top