Општина Ѓорче Петров започна со амбициозна реконструкција на 13 краци на улицата Алексо Демниевски, во рамки на градежната офанзива која целосно ќе ја трансформира оваа населба. Ова е прв пат да се изведе ваква обемна интервенција на оваа локација, со вкупна должина од 3.000 метри и површина од 11.350 m².
-Оваа инвестиција од приближно 15 000 000, 00 денари значајно ќе ја подобри инфраструктурата и ќе донесе современи услови за жителите на урбаната заедница Мирче Ацев, особено во местото Диво Маало – по првпат после неколку децении, објави Александар Стојкоски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров.
„Секој метар асфалт е чекор кон подобар живот, поголема удобност и иднина која ја градиме заедно. Ова е доказ дека Ѓорче Петров не застанува. Продолжуваме напред, со уште поголема решителност и енергија, за да ги исполниме сите наши заеднички соништа.
Благодарам на секој од вас за трпеливоста и довербата. Ова е наша заедничка победа, а јас сум тука да осигурам дека ќе продолжиме да градиме иднина за која сите заслужуваме да бидеме горди.
Напред кон уште поголеми успеси, додаде градоначалникот.
„Реконструкцијата на улицата Алексо Демниевски е дел од поширокиот план на Општина Ѓорче Петров за подобрување на инфраструктурата и поддршка на локалните заедници. Очекувањата се дека проектот ќе биде завршен во наредните месеци, а жителите веќе изразија задоволство од почетокот на работите.
Оваа акција е јасен показател дека Ѓорче Петров оди напред, со фокус на подобрување на секојдневниот живот на своите граѓани“, нотираа од Општина Ѓорце Петров.