Скопје испад во трафостаница

Повеќе од пола општина Карпош вечерва без електрична енергија

Повеќе од пола општина Карпош вечерва без електрична енергија

Поради испад во трафостаница во општина Карпош, поголем дел од општината е без електрична енергија, соопштија од општина Карпош.

Во известувањето наведуваат дека без електрична енергија е поголем дел од општината, односно населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани, додека во моментот веќе се излезени екипи на терен и работат на поправка на дефектот.

– Поради испад во трафостаница без електрична енергија е поголем дел од општина Карпош и тоа населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани. Од ЕВН нè информираа дека нивните екипи се веќе на терен и работат на поправка на дефектот, наведуваат од Општина Карпош.

To top