Според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот, IQAir, главниот град на Македонија, Скопје, утрово е најзагаден главен град во Европа, а петти главен град на држава во светот. Она што сите „забораваат“ да го кажат е дека подреденоста според загаденост се прави само за ГЛАВНИТЕ градови, не за сите градови. Во превод, има илјадници други градови кои се позагадени од Скопје, но не се ГЛАВНИ градови на државите.
На листата на најзагадени градови во светот е Делхи, потоа следуваат Лахор, Каиро, Ташкент, Скопје, Багдад, Атина и Катманду.
Препораките на надлежните се да се избегнува подолг престој на отворено, а до граѓаните се апелира повеќе да се потпираат на јавниот превоз и да ги остават автомобилите во своите домови.