Елементарна негрижа за хигиената на територијата на цела Општина Центар. Крњево е едно од населените места каде што жителите како да живеат во 19 век според условите на терен, наспроти сјајот на Ист Гејт Мол. Ова се фотографии од ова континуирана негрижа, односно неводење сметка за хигиената во ова населено место кое се наоѓа атрактивна локација на само околу 2км од строгиот Центар на градот, велат од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.
-Општински комитет Центар потенцира дека Центарци не заслужуваат ваков третман и апелираат општината на чело со градоначалникот Горан Герасимовски да се фати за работа, зашто најмалку од него што се очекува е водење грижа за хигиената. Центарци тоа го заслужуват и очекуваат.