За првпат досега, Градинар добива мултифункционално игралиште на површина од над 1100m2. Во ова населено место каде претходно Општина Кисела Вода ги обнови улиците и изгради фекална канализација, сега се гради нов простор за спорт и рекреација, изграден по сите современи стандарди. Ќе може да се игра фудбал и кошарка, за децата има катче за игра, а за повозрасните ова ќе биде место за одмор и дружење.
-Се работи за градежен зафат кој на младите, но и на возрасните од овој дел на општината ќе им обезбеди безбеден и современ простор за спорт и рекреација. На новото мултифункционално спортско игралиште со површина од 1100 квадратни метри, ќе има и детско катче опремено со нови реквизити, фудбалско и кошаркарско игралиште, простор за одмор за возрасните и урбана опрема која дополнително ќе го разубави овој простор. Со други зборови, за многу брзо време од сега, жителите на Градинар ќе добијат простор за одмор, за рекреација и спортување, изведен по сите современи стандарди. Претходно, ги обновивме улиците и изградивме фекална канализациона мрежа. Во целата општина решаваме децениски проблеми со цел во целост да го смениме имиџот на Кисела Вода која за жал во минатото беше синоним за лоша инфраструктура и за негрижа на одговорните. Ние продолжуваме понатаму да создаваме услови за поквалитетен живот, бидејќи мојот народ тоа го заслужува, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.