Скопје

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на паркот наспроти општината

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави дека започна целосна реконструкција на паркот кој се наоѓа спроти општината. Старото и дотраено детско катче ќе биде заменето со ново, а ќе се реконструира и кошаркарското игралиште. Паркот, како што напиша градоначалникот на својот фејсбук профил, ќе добие и нова урбана опрема кој ќе нуди убав амбиент за сите посетители.

– Продолжуваме со посветено и континуирано инвестирање во унапредување на јавниот простор и квалитетот на животот на нашите граѓани од кои досега Денес започнавме со целосна реконструкција на паркот кој се наоѓа наспроти општината.

На овој простор, поставуваме ново детско катче со 12 реквизити на површина од 400 метри квадратни. Старото и руинирано кое не беше во функција го заменуваме со ново и модерно, за непречена игра на нашите најмали жители.

Реконструкцијата го опфаќа и кошаркарското игралиште кое се наоѓа во склоп на самиот парк па така, жителите од овој дел на општината ќе имаат можност да спортуваат на нов модерен терен.

Секако, паркот добива и нова урбана опрема, зеленило, кој ќе нуди совршен амбиент за сите посетители.

За скоро време, мојот народ од овој дел на Кисела Вода добива катче каде ќе можат да се сретнат, да одморат, да се рекреираат или едноставно да уживаат на отворено.

Промените се случуваат и продолжуваат секој ден, нема запирање! – изјави Ѓорѓиевски.

To top