Општина Кисела Вода со нови наслови ја опремува библиотеката на училиштето за слепи лица, ДУРМДОВ “Димитар Влахов”. Традицијата која ја започна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на почетокот на својот мандат, продолжува и во оваа нова 2024-та година. Денес, кога Светскиот ден на Брајовата азбука одбележува 200 години, за учениците со оштетен вид од Општина Кисела Вода се обезбедени повеќетомните изданија “Алиса во земјата на чудата” и “Петар Пан”, напишани на Брајово писмо. Истите ќе им бидат доставени по завршување на нивниот распуст.
-Денес кога Светскиот ден на Брајовото писмо одбележува значаен 200-годишен јубилеј, за училиштето за слепи лица ДУРМДОВ “Димитар Влахов” обезбедивме нови книги напишани со Брајова азбука, кои децата ќе ги добијат веднаш по враќањето од распуст. Ова го правиме веќе трета година по ред и со задоволство можам да кажам дека библиотеката ја опремивме со 60-тина вакви наслови. Книгите напишани со Брајово писмо се изработуваат на посебна хартија, со специјални печатачи, што ги прави исклучително скапи и тешко достапни за родителите на слепите ученици. Достапноста на литература, за нив значи подобар образовен пат и остварување на правото за еднакви можности со сите останати граѓани. Годинава се одлучивме да им ги донираме повеќетомните изданија “Алиса во земјата на чудата” и “Петар Пан”, светски популарни книги, со што им овозможуваме исто литературно доживување како и со останатите лица кои не се соочени со предизвиците од оштетен вид. Општина Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник, како иницијатор на овој и многу други слични проекти, и понатаму продолжуваме да инвестираме во основните потреби за лицата со оштетен вид и други попречености преку обезбедување услови за нивно активно вклучување во сите сфери на општеството и подигнување на свесноста кај сите останати институции за поддршката на различноста и инклузивноста-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Скопје
Светскиот ден на Брајовата азбука одбележува 200 години
Ѓорѓиевски: Обезбедивме 60-тина наслови на Брајово писмо за децата со оштетен вид
Ова го правиме веќе трета година по ред и со задоволство можам да кажам дека библиотеката ја опремивме со 60-тина вакви наслови. Книгите напишани со Брајово писмо се изработуваат на посебна хартија, со специјални печатачи, што ги прави исклучително скапи и тешко достапни за родителите на слепите ученици.